Охрид, 11. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Власта и Зоран Заев ветуваа комплетна санација на колекторскиот систем, но докажаа дека не знаат како треба, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
– Заев да дојде на истото место од каде што ветуваше целосна грижа да ја види лошата состојба на колекторот. Пред повеќе од 4 години вети целосна реконструкција на колекторскиот систем, а денес имаме повторно фекалии, ново ЈП за вдомување на партиски вработувања и нови повисоки сметки за граѓаните.
Со тоа што доцни санацијата уште по првиот дожд фекалии и непречистени води завршија директно во Охридското Езеро нанесувајќи сериозни еколошки штети и закани за езерото. Власта воопшто не се интересира за заштита на животната средина и Охридското Езеро, стои во дописот до медиумите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес