јуни 17, 2020

Охрид, 17. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Македонија не заборава за сите неуспеси и афери на власта на СДСМ и Зоран Заев.Што направија три години откако се власт во Македонија – праша на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.Државата тоне, Охрид не оди напред, а граѓаните страдаат откако станавме хибриден режим.

– Власта на СДСМ е синоним за свиткана кичма, рекет, партиски вработувања и урбана мафија. Со СДСМ имаме мачен живот, погазено национално достоинство и распродажба на името, јазикот, историјата, на нашиот идентитет. Граѓаните се изневерени од СДСМ поради економското фијаско, капитулацијата во здравствениот систем, разурнатото образование и неостварувањето на стратешките интереси. Власта наместо да се справи со сите проблеми ја злоупотребува здравствената криза и дели пакети во вид на поткуп. СДСМ и Георгиески се главни виновници за пропаднатата туристичка сезона. Туристичките работници и угостителскиот сектор се оставени на милост и немилост. Граѓаните се обесправени, понижени и несигурни. Заев и СДСМ свесно не се сеќаваат, но Охрид и Македонија не забораваат на неостварените ветувања за живот. Се наоѓаме пред голема одлука, а од нас сите зависи судбината на државата и таа е во нашите раце. Изборот е кристално јасен. Наместо измами, ни треба напредок. Да избереме обнова која ја нуди ВМРО-ДПМНЕ, наместо кризи кои ги создава власта на СДСМ. На граѓаните им е доста од СДСМ и Зоран Заев, да застанеме на страната на Македонија. СДСМ тргна на пат во опозиција, а на Македонија и следи обнова. Охрид и Македонија не забораваат и на 15-ти јули ќе победат убедливо заедно со ВМРО-ДПМНЕ и ќе ја слават најголемата победа во историјата. А за СДСМ нема бегање од одговорност. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за Обнова на Македонија – истакнаа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука