јануари 20, 2021

Охрид, 20. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Традицијата е нашето дефинирање, а Водици нашиот корен. Но за жал од достоинствен, искрен и сосема краток настан во кој преовладуваа среќата и радоста власта непотребно создава нервоза, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ на „однесувањето на власта кон народот за Водици“.

– Апсолутно непотребно на сите капачи по излегувањето од езерските води им беа земани податоци од полициските службеници. Немаше никакво групирање и натпревар за фаќање на крстот, чин кој беше завршен во црква, не постоеа турканици и немаше никакви непријатности, па според тоа за секаква осуда е насилието кон граѓаните од страна на власта. Народот нема да ги заборави двојните аршини на оваа ненародна власт. Селективното однесување на власта е крајно нечовечки и против македонската традиција, стои во дописот до медиумите. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука