Охрид, 26. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Вистинското лице на СДСМ го гледаме кога се власт затоа што едно ветуваат пред избори, а друго практикуваат кога ја имаат власта во свои раце, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
– Наместо да им помогнат на охриѓани во време на пандемија и економска криза, тие им испорачаа поголеми сметки за плаќање со повисока цена на вода за пиење и двојно поголеми сметки за колектор. Градоначалникот Георгиески и директорот на ЈП „Водовод“ своето недомаќинско работење го надополнуваат со нови партиски вработувања на сметка на парите на граѓаните. На предлог на ВМРО-ДПМНЕ Охрид на 58-та седница на Советот на општина Охрид има точка на дневен ред со која се бара од градоначалникот Георгиески да го разреши директорот на ЈП „Водовод“. Предлог-разрешувањето на директорот е поради катастрофалното менаџирање, направената загуба од 6 милиони денари и покрај повисоките цени на водата за пиење и предизборните партиски вработувања. Ги повикуваме останатите советници да го поддржат барањето за разрешување на директорот на ЈП „Водовод“ и еднаш засекогаш да се стави крај на недомаќинското работење и свесно финансиско уништување на јавните претпријатија во Охрид. Граѓаните очекуваат таткото на градот да ги застапува интересите на охриѓани, а не да биде заложник на личните и партиските интереси, реагираат од партијата. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ОхридПрес