Скопје, 2. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – По принципот на бесплатно рушење кај „Мавровка“, бараме владата да ги сруши дивоградбите Охрид, но и на Кале и Матка, во спротивно докажува дека прави крими театар.
Кога веќе владата го откри идентитетот на инвеститорот на дивоградбата во Мавровка која се изгради во нивно време, и се понуди бесплатно да ја сруши, тогаш по истиот принцип бараме Владата бесплатно да ги сруши и следниве дивоградби:
1. Дивоградбата на дивата платформа на Матка
2. Дивоградбата во близина на Скопското Кале кај касарната Илинден
3. Дивоградбата на Нефи и летната тараса кај охридскиот Чинар
4. Дивоградбите по долж на охридското крајбрежје.
-Доколку не го направи ова владата покажува дека сето ова е евтин театар. Затоа сметаме дека крими-тендерашката власт на Заев се обидува да направи театар со дивоградбата кај „Мавровка“. Вистината е дека токму оваа иста старо-нова власт дозволи дивоградбата да никне на едно од најфрекфрентните места во Скопје, па со месеци се натегаа чија надлежност е, па бараа преку платени огласи кој е инвеститорот, за сега наводно да поднесуваат кривична пријава и да најавуваат рушење. Сето ова граѓаните ги чинеше и ќе ги чини пари, како преку циркусот со огласи во весници, така и преку рушењето со народни пари. Тешко на таа држава во која Владата мора вакви драмолетки да прави од нешто кое не смеело ниту да се појави. Смешна е кривичната пријава од страна на Јавното обвинителство откако дозволија да се изгради. Па оттука логично се поставува прашањето како и кога се дознал идентитетот на сопственикот на дивоградбата кај Мавровка? Дали ЈО знаело за ова и зошто чекало толку време? Дали Зоран Заев е вмешан во ова и дали поради откажување на непослушност од страна на сопственикот на објектот, Заев го откри сторителот? Што друго да се очекува од влада-дивоградба на која личното богатење, корупцијата и криминалот и се главната одлика, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ преку допис до медиумите. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива