мај 30, 2020

Охрид, 30. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Неспособноста и китењето со туѓи перја на локалната власт и Георгиески не можат да се покријат со нарачани партиски соопштенија по теркот на нивниот ментор-лажливец Заев, стои во дописот до медиумите од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Наместо општина за сите граѓани повторно се докажа дека Георгиески е партиски послушник на СДСМ. Ветивте одблокирана сметка на општината што сѐ уште не се случило и враќавте долгови со пари на граѓаните, за кои брзо ќе провериме како се правени договорите во четири очи и ветуваме дека за тоа ќе има одговорност. Ветувавте развиени јавни претпријатија, а ги задолживте и вративте во владеењето на вашиот градоначалник Александар Петрески. Ветувавте нови вработувања за сите граѓани, а гледаме само партиски вработувања. Единствено што работат СДСМ и Георгиески е тоа што дозволуваат да се градат дивоградби низ целиот Охрид. Додека пишувате празни соопштенија ви градат нова дивоградба во Свети Стефан. Наместо празни зборови, излезете и рушете. Но вашата одлика се кршењето на Уставот и законите. Впрочем и денешната фотографија јасно го покажува незаконското и лицемерно владеење на СДСМ. Дали за Жаклина Лазаревска, Јован Митрески и Васко Ковачески не важат законите и протоколите од Владата?
СДСМ е сѐ, само не државотворна партија. СДСМ го руиниса Охрид. Ова срамно владеење народот сака да го заборави што побрзо. Тоа што сработило ВМРО-ДПМНЕ и претходната локална власт за среќа се гледа и охриѓани ги користат сите бенефити. Што побрзо падне оваа криминална власт на СДСМ толку подобро за Охрид. Доаѓа денот кога казната за сите лаги ќе го дочека светлото на денот и ќе има одговорност, а СДСМ ќе биде испратена на буништето во историјата, стои во дописот. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука