јули 16, 2020

Охрид, 16. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови во Охрид во рамките на Предвремените парламентарни избори кои се одржаа вчера во Република Македонија.

Партијата со 12.480 освоени гласови е пред СДСМ која во моментов има поддршка од 10.813 граѓани.

Според истиот извор, ДУИ во моментов во Охрид има 1.545, Левица 1.240, Интегра 415, ГДУ 294, а Алијансата на Албанците 354 гласови. (Крај)

извор: ДИК фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука