Скопје, 9. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во поликлиниката Букурешт утре почнува ревакцинацијата со вакцината „Фајзер“. Во поликлиниката „Јане Сандански“ ќе се одвива имунизација со вакцината „Спутник V“, информираат за МИА од Министерството за здравство.
Вакциналните пунктови и во двете поликлиники ќе работат во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота.
Вакцина против COVID-19 досега примиле 3.759 здравствени работници.
– Поради проширувањето на ковид капацитети и актуелната состојба, вакцинацијата продолжува со здравствените работници коишто се под висок ризик за добивање ковид инфекција, од сите институции во државата, соопшти Министерството за здравство. (Крај)
извор: Плус инфо фото: архива
Прочитано: 74