јули 10, 2020

Охрид, 10. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на Центарот за јавно здравје вечерва ќе спроведат земјено запрашување против комарци.

– Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината како општа противепидемиска мерка ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 22:00 до 06:00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе биде  опфатено Охридското крајбрежјето на потег од село Подмоље до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потегот на рекаите Грашница и Коселска Река, информираат од ЦЈЗ.

Потребно е пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука