јули 17, 2020

Охрид, 17. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на Центарот за јавно здравје од Охрид викендов ќе спроведат земјено запрашување против комарци во градот и долж крајбрежјeто на Охридското Езеро.

Станува збор за превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината како општа противепидемиска мерка. Запрашувањето ќе се врши на 18-ти, 19-ти и 20-ти јули во периодот од 22:00 часот до 06:00 часот наутро, на т.н. „теристички“ начин односно од земја, со посебни апарати за ULV ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено крајбрежјето на езерото на потег од селото Подмоље до комплексот „Свети Наум“, потоа територијата на град Охрид, како и долж течението на реките Грашница и Коселска Река.

Заради активностите на терен се извесуваат пчеларите и пчеларските задруги да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.

Во случај на неповолни временски услови дезинсекцијата ќе биде одложена за наредниот поволен ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука