Скопје, 27. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Работното време на угостителските објекти за исхрана е ограничено од 08:00 часот до 22:00 часот, и се дозволува работа само на отворените делови од угостителските објекти за исхрана со послужување, кои се од три страни отворени со кровна конструкција.
Ова е дел од протоколите на Владата на Република Македонија за отворање и работа на кафетериите и угостителските објекти за исхрана, и покрај тоа што претходно денес министерот за економија Крешник Бектеши објави дека работното време ќе биде до 20:00 часот.
Со оваа мерка, со која од 28-ми мај 2020 година може да отпочнат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие објекти (тераси), со задолжително почитување на Протоколот за отворање и работа на кафетерии и на Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана, утврдени од страна на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.
Комплетните протоколи за отворање на кафетериите и угостителските објекти за исхрана ОВДЕ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива