април 6, 2020

Скопје, 6. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска во употреба е првиот контакт центар наменет за поддршка на бизнисите и граѓаните во врска со економските прашања во услови на справување со кризата предизвикана од КОВИД-19.

Со јавување на телефонскиот број 02/324-8040 ќе се добиваат сите потребни информации и појаснувања во врска со начинот и можноста за користење на економски и други државни мерки.

Контакт центарот ќе работи од 08:00 до 17:00 часот од понеделник до петок, а во сабота од 09:00 до 14:00 часот, а ќе одговара стручен тим. (Крај)

извор: Влада на РМ фото: Влада на РМ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука