Скопје, 25. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Владата објави јавен повик за интревентна набавка на заштитни маски со цел спречување на последиците од корона вирусот (COVID 19) за време на вонредната состоба.Повикот
трае 24 часа односно понудите треба да бидат доставени најдоцна до утре, 26-ти март, до 15:30 часот. Право на учество имаат домашни компании.
Маските треба да бидат изработени од материјал погоден за производство на заштитни маски на понудувачот или од материјал погоден за производство на заштитни маски обезбеден од Владата
Економските оператори треба да ги исполнуваат следните услови и тоа:
– испорака на најмалку 2000 маски дневно;
– маските треба да бидат за повеќе употреби и треба да може да се перат
– испораката да се врши за период на траење на вонредната состојба, на различни локации во Скопје;
– единечната цена по маска да изнесува максимум 40 денари плус данок на додадена вредност за маските изработени од материјал за изработка во сопственост на економскиот оператор;
– единечната цена по маска да изнесува максимум 25 денари плус данок на додадена вредност за маските изработени од материјал обезбеден од страна на Владата;
– за материјалот од кои ќе се изработуваат заштитните маски потребно е да се поседува соодветен сертификат за квалитет издаден од страна на овластена лабораторија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива