Дебрца, 6. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во општина Дебрца предвидено е отворање на откупен пункт за земјоделски производи.
Советот на општина донесе одлука да се спроведе на постапка за јавно наддавање за издавање под закуп на деловен простор во Задружниот дом во село Требеништа, со намена за отворање откупен пункт за земјоделски производи.
Покрај тоа донесена е одлука и за измени на персоналниот состав на општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди. Постапувајќи по барања на загрижени земјоделци, кои претрпеа штети на овошните насади од доцните пролетни мразеви, во наредниот период комисијата ќе објави повик за пријавување на штетите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 25