јануари 11, 2021

Охрид, 11. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во повисоките места повремено засилен ветер, претежно од југозападен правец.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 12. степени.

– Поради продор на постудена воздушна маса од север, од утре ќе има ново заладување со локални врнежи од дожд и снег, кои поради натамошно опаѓање на температурите, во среда и петок ќе бидат претежно од снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука