Охрид, 14. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, особено претпладне. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат, а најдолго ќе се задржат на југот од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Максималната температура во Охрид ќе достигне до -7. степени.
– Од утре до среда времето ќе биде стабилно и многу студено. Утринските температури во најголем дел од земјава ќе бидат под -10, а на места и под -15 степени. Дневните температури генерално ќе се задржат под нулата. Во овие денови ќе има опасност од голомразица. Од четврток следува постепено затоплување, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 23