Охрид, 20. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Максималната температура во Охрид ќе достигне до 9. степени.
– Од утре следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена локална облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 28