април 2, 2021

Охрид, 2. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 17. степени.

– Во деновите од викендот ќе има промена на времето и ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, локално и над 20л/м2, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови, ќе има врнежи од снег, а дневните температури особено на северот позначително ќе опаднат, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука