Охрид, 3. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб, во југозападните делови повремено умерен ветер од југозападен правец.
Максималната температура во Охрид ќе достигне до 12. степени.
– До недела ќе се задржи стабилно време со натпросечни дневни температури што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, утре од северозападен, а потоа од јужен правец, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
Прочитано: 31