јули 14, 2020

Охрид, 14. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во единствениот избирачки список во општина Охрид се евидентирани вкупно 52.510 граѓани со право на глас.

Во овој изборен циклус нема гласање на дијаспората, со оглед на тоа што нема пријавени гласачи. Доколку некои од нашите граѓани кои се во странство или се на привремен престој, утре бидат во Охрид, ќе можат да го искористат своето гласачко право, вели за Супер радио и OhridPress Марга Димковска, раководител на поддрачното одделение на Државната изборна комисија.

Во Охрид утре ќе се гласа на 89 избирачки места. Од нив 20 се преместени на други локации бидејќи претходните не ги исполнуваа условите за безбедно спроведување на гласачкиот процес, имајќи ја во предвид актуалната состојба со вирусот COVID-19. На старите локации се поставени известувања за новата локација на глаачкото место.

Во општина Дебрца евидентирани се 3.480 гласачи, а ќе се гласа на 28 избирачки места. Димковска информира дека со оглед на тоа што ги исполнуваат условите согласно здравствените протоколи, таму нема промени во локациите на гласачките места.

Поради состојбата со COVID-19 овој изборен циклус се одвива во специфични услови, а гласањто трае три дена. Вчера гласаа лицата со COVID-19 и во самоизолација, а денес болните, немоќните, хронично болните и лицата во затворите и во домашен притвор. Утре, кој е прогласен за неработен ден, гласањето на парламентарните избори ќе започне во 07:00 часот наутро, а поради актуелната состојбаќе биде продолжено и ќе трае до 21:00 часот.

Во единствениот избирачки список во земјава се запишани вкупно 1.814.263 граѓани со право на глас.

Од ДИК излегоа со задолжителни препораки за здравствена заштита во текот на изборниот процес. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука