јуни 1, 2020

Охрид, 1. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, во моментов во изолација се 109 лица, од кои во Охрид 43, 45 во Струга и 21 во Кичево.

Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 69 контроли. Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 38 лица (Охрид 20, Струга 12, Кичево 1 и Дебар 5). Врз овие лица, извршени се 18 контроли. Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 150 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид 47, Струга 30, Кичево 58 и Дебар 15).

Во периодот 30-ти/31-ви мај полициските службеници, издале 308 прекршочни налози на физички лица за сторен прекршок спротивен на уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето (Охрид 146, Струга 94, Кичево 39 и Дебар 29). (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука