април 28, 2021

Охрид, 28. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Денес во селото Слатино се одбележаа 20 години од денот на загинувањето на припадникот на специјалната единица на АРМ „Волци“, водникот Игор Костески, кој настрада на 28-ми април 2001 година кај Вејце, Тетово.

– Денес уште еднаш се поклонивме пред спомен обележјето во село Слатино и го одбележавме херојското дело, 20 години од денот на загинувањето на нашиот сограѓанин, припадникот на специјалната единица на АРМ „Волци“, водникот Игор Костески, на 28-ми април 2001 година, кај Вејце, Тетовско. 28-ми април 2001 година е најцрниот ден во поновата македонска историја. Ден кога кај Вејце од страна на припадници на терористичката ОНА, на подмолен начин, во заседа беа убиени, а потоа масакрирани, а некои и живи запалени, 8 бранители, и тоа: 4 припадници на Специјалната единица на АРМ „Волци“, меѓу кои и водникот Игор Костески и четири припадници на посебната единица на СВР Битола. И оваа година поради состојбата предизвикана од COVID-19 вирусот, одбележувањето е направено во ограничен број, со присуство на градоначалникот на општината, претставници и жители на село Слатино. Нека им е вечна слава, истакна Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески.

May be an image of standing and outdoors

May be an image of outdoors and monument

May be an image of 1 person, standing, outdoors and monument

May be an image of monument and outdoors

May be an image of indoor

Во Слатино, во завршна фаза е и санацијата на дел од училишната зграда, во која ќе биде отворена и спомен соба во чест на водникот Игор Костески. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Општина Дебрца

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука