јули 13, 2020

Скопје, 13. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Полициските службеници досега констатирале вкупно 29458 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 237 прекршоци во изминатото деноноќие.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќие извршени се 35 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

На територијата на целата држава на вкупно 713 лице им се издадени решенија за изолација, а 24 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што е евидентирано 1 лице кое не ги почитувало овие мерки. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука