Скопје/Охрид, 16. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 608 и има околу 452 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 352 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 22 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 49 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 31, во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани 2 во Кичево 8, Кавадарци 44, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: ОхридПрес