Охрид, 25. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 610 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, а од нив 290 се во Скопје и 320 во другите градови, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
Според податоците коишто ги добива Министерството од болниците низ земјата, по Скопје, најмногу пациенти се хоспитализирани во Куманово, 48. Во болницата во Битола има 26, а во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти со COVID-19. На инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 24 болни, во ковид центарот во Охрид има 40 пациенти, во Прилеп 24, во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 22 пациенти, во Кочани 4, во Кичево 12, Кавадарци 20, во Гевгелија 3 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Во моментов, според Министерството за здравство, има околу 580 празни болнички кревети во ковид центрите, но во текот на денот по исписите на оздравени пациенти ќе се ослободат дополнителни легла. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: ОхридПрес