Охрид, 26. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 608 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 37 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 13 пациенти, во Велес се лекуваат 22 болен, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19.
Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 19, во ковид-центарот во Гостивар 17, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 18 пациенти, во Кочани 5 во Кичево 12, Кавадарци 17, во Гевгелија 2 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
На инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава има околу 559 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: ОхридПрес