јануари 17, 2021

Скопје/Охрид, 17. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 398 пациенти позитивен и суспектен на коронвирусот, а слободни кревети има, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 685 и има околу 616 празни болнички кревети во ковид центрите. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 36 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 31 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 34 болни, а во Куманово 59 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 49 во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 29 пациенти, во Кочани 8 во Кичево 15, Кавадарци 22, во Гевгелија 7 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Од Министерството за здравство на Република Македонија посочуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата можат да бидат дополнително проширени. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука