јануари 22, 2021

Скопје/Охрид, 22. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 322 позитивни и суспектни пациенти на коронвирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство (МЗ) на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 29 позитивни и суспектни пациенти на COVID-19.

– Во болницата во Штип се хоспитализирани 25 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес 23 болни, а во Куманово 47 позитивни и суспектни пациенти на COVID-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 35 пациенти, во Прилеп 33 во Гостивар 17, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 22 пациенти, во Кочани 2 во Кичево 15, Кавадарци 21, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на коронавирусот, истакнуваат од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 608 и има околу 580 слободни болнички кревети во ковид-центрите. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука