Охрид, 2. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во моментов на Инфективното и во останатите одделенија во охридската Општа болница се згрижени 23 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информира за Супер радио и OhridPress директорот д-р Горан Балески и додава дека ваквата состојба трае веќе седум месеци.
Од расположливите капацитети за хоспитализација на ковид пациенти, има слободни уште 3-4 кревети.
Според последниот извештај на Министерството за здравство, во текот на последните 24 часа се направени 1.694 тестирања, при што се регистрирани 225 нови случаи на COVID-19. Во Охрид има 2 новозаболени лица, со што вкупната бројка на активни пациенти со коронавирус се искачи на 35. Досега се излечени 377 пациенти, а битката со вирусот ја загубија 20 лица. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес