мај 26, 2020

Велес/Охрид, 26. мај 2020 (ОХИРДПРЕС) – Жители на Охрид се межу 79-те лица кои се во Државен карантин во хотелот „Монтенегро“ кај Велес.

Станува збор за повратници од странство, а најголем дел од нив се млади кои работеле на крузери, сите се здравствено прегледани и се во добра состојба, информира за МИА Страхил Тодоров, портпарол на ЈЗУ Здравствен дом од Велес, пренесе Фокус.

Лекарски екипи на Здравствениот дом заедно со нивни колеги од ЈЗУ Општа болница Велес постојано дежураат во хотел „Монтенегро“ и ја следат нивната здравствена состојба. Меѓу овие лица има жители на Охриц, Велес, Скопје, Струмица и селата од струмичко, Кавадарци, Куманово, Крива Паланка, Гевгелија, Неготино, Прилеп и Штип.

– Сите се прегледани и се во добра општа здравствена состојба, информира д-р Тодоров.

Тој појасни дека овие лица тука во државен карантин биле сместени на 22 и 23 мај, а ќе останат во наредните 14 денови и ако се во добра здравствена состојба ќе бидат пуштени дома.

Инаку, во изминатата недела од Државен карантин од Хотелот „Монтенегро“ кај Велес дома си заминала втората група повратници од странство од вкупно 80 лица. Првите 20 си заминале на 21 мај, на 22 мај заминале дома 47, а на 23 мај и преостанатите 13 лица, информира Тодоров. (Крај)

извор: Фокус фото: Фокус

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука