март 23, 2020

Скопје, 23. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент заболен од коронавирус.

Се работи за маж на 63 годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата.

– Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород. Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. Пациентот немал позната историја на коморбидитет – се вели во соопштението од Министерството за здравство. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука