мај 11, 2020

Охрид, 11. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во време на кризата предизвикана од коронавирусот трансфузиското лечење мора да биде сигурно и континуирано. И во овие услови голем број пациенти во здравствените установи во Охрид имаат потреба од крв и крвни продукти.

Затоа, од голема важност е да се пријавите на акциите за доброволно дарување крв, информираат од охридскиот Црвен крст.

Во рамки на Неделата на Црвениот крст (од 8-ми до 15-ти мај) Црвен крст Охрид во соработка со Трансфузиолошкото одделение во Охрид организира крводарителска акција која ќе се реализира в четврток, на 14-ти мај во просториите на Трансфузиологија во Охрид (Општа болница) во периодот од 08:30 до 12:30 часот.

Согласно протоколите за работа во услови на епидемија од COVID-19 ќе бидат преземени сите потребни заштитни мерки и овозможени услови за безбедно дарување крв на сите крводарители. Крвта е извор на животот, крвта е лек. Единствен извор на крв се крводарителите. Ако се чувствуваш здрав и имаш помеѓу 18 и 65 години, биди херој и дарувај крв, велат од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука