мај 16, 2020

Охрид, 16. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – СДСМ „Ќе“ кампањата- Софистицирана фарбрика за рециклажа, затворен базен, катни гаражи, гасификација, спортски стадион во Лескоец, реконструкција на постоечката сала „Билјанини извори“, канализација на повеќе места, стационар итн. – стои во дописот до медиумите на Даниел Јорданоски, претседател на ОО на Граѓанско демократската унија (ГДУ) од Охрид.

– ДПМНЕ „за малку“ кампањата- Субрата Рој и претварањето на Охрид во Дубаи, Аква парк, затворен базен, олимписки базен, катни гаражи, регионална депонија, стационар, канализација на повеќе места, автопат кон Св. Наум, Галичица и жичарата итн. Едно е сигурно, а тоа дека очигледно препишувале, но не успеале ништо да научат. За повеќе стационари, аква паркови, софистицирани фабрики и инвеститори како Субрата Рој, одберете една програма „за малку ќе направевме“ – истакна Јорданоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука