септември 24, 2020

Охрид, 24. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – По појавувањето на вирусот COVID-19 кај членови на ракометниот клуб „Охрид“, ракометарите, стручниот штаб и логистиката беа PCR тестирани. Резултатите се вкупно шест заразени лица од кои пет се ракометари, додека шестиот е член на управата.

-Лицата позитивни на COVID-19 се во изолација, со благи симптоми, лесна клиничка слика и добра здравствена состојба. Ние како клуб ќе се придржуваме до сите протоколи и решенија за изолација и понатамошните насоки од Ракометната федерација на Македонија. Апелираме уште еднаш до сите ракометните клубови и останатите спортски колективи да ги почитуваат мерките и протоколите, подготвени од надлежните институции, потенцираат од ГРК „Охрид“. (Крај)

извор: ГРК Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука