Охрид, 25. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – ГРК Охрид реагира на начинот на информирање во одредени медиуми, а поврзано со позитивните случаи на COVID-19 во нивните редови и го смета за тенденциозно.
– Во ГРК Охрид нема втор, ниту нов бран на заразени од вирусот COVID-19. PCR тестовите на ракометарите, стручниот штаб и логистиката во клубот се направени веднаш после откривање на првиот позитивен случај во екипата. Ве замолуваме да не информирате тендициозно, бидејќи ситуацијата е доста сериозна и ние како клуб преземаме сериозни мерки за заштита на здравјето на ракометарите, стручниот штаб и логистиката во клубот, велат од ГРК Охрид.
Оттаму вчера информираа дека досега имаат вкупно шест заразени лица од COVID-19, од кои пет се ракометари, додека шестиот е член на управата. Додадоа дека лицата се во изолација, со благи симптоми, лесна клиничка слика и добра здравствена состојба. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива