март 12, 2021

Охрид, 12. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос утре на домашен терен ги започнуваат натпреварите од третиот круг во Втората фудбалска лига.

„Рибарите“ стартуваат од четвртото место на табелата, со надеж дека ќе се искачат на вицешампионската позиција што води во баражот за влез во Прва лига.

Нема опис за фотографијата.

Прв противник на охридските фудбалери утре од 15:00 часот е екипата на Дрита. Откако Вардар Форино, кој поради две неоправдани непојавувања на терен, во една натпреварувачка сезона е исфрлен од лигата, ГФК Охрид Лихнидос во следното коло е слободен, па следен натпревар е против Кораб, повторно на домашен терен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука