февруари 24, 2021

Охрид, 24. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид д-р Константин Георгиески денес ги потврди информациите кои беа објавени деновиве во јавноста дека на местото на ресторанот и дискотеката „Парк“ ќе се гради хотел.

Според него се работи за веќе завршена постапка, за која е обезбедена сета потребна документација и таа градба не може да биде правно оспорена.

Тој додаде дека биле запазени сите тогашни важечки законски процедури и постапки.

– Одобрението е правосилно и согласно тоа одобрение, таму може да се гради, вели градоначалникот на Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука