февруари 10, 2021

Скопје/Охрид, 10. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Актуелните градоначалници на Валандово, Богданци, Конче, Кочани, Старо Нагоричане, Крушево, Маврово-Ростуша, Демир Капија, Штип, се дел од оние од кои првиот човек на СДСМ Зоран Заев е задоволен од резултатите во текот на изминатите четири години.

Тој изјави дека лично ќе застане зад кандидатурите на неколку актуелни градоначалници на локалните избори што треба да се одржат наесен, а овие градоначалници ги спомена како актуелни локални функционери кои повторно ќе бидат кандидати на локалните избори. Не беа споменати градоначалниците на скопските општини и на Градот Скопје, како и градоначалниците на поголемите градови во земјава, но зачудувачи е истакнувањето на успешноста на новиот градоначалник на Штип, кој е на функција само два месеци.

– СДСМ секогаш го слуша гласот на народот и сите што биле добри и служеле добро имаат најголеми шанси повторно да бидат кандидати. Онаму каде што граѓаните не се задоволни ќе има нови. Јас лично ќе застанам зад неколку кандидати, но тоа не значи дека ќе бидат избрани, тоа ќе биде заедничка одлука на органите и телата на партијата, ова е само мој личен став, изјави Заев, кој додаде дека процедурата за кандидирање и селекција ќе биде во мај и јуни, по што одлуката ќе ја донесат органите на партијата. (Крај)

извор: Нетпрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука