Скопје, 24. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Македонската Влада на вчерашната седница донесе Уредба преку која граѓаните кои пристигнуваат на граничните премини за влез во земјава ќе бидат транспортирани до државните карантини секој ден во 10:00 часот и во 20:00 часот.
Од Владата апелираат до граѓаните кои мораат да допатуваат во земјава да ги планираат своите пристигнувања на граничните премини непосредно пред посочените термини со цел да не се создава гужва и чекање. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 18