јуни 28, 2020

Скопје, 28. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Државната изборна комисија (ДИК) денес го усвои протоколот за престојните избори, предложен од страна на Комисијата за заразни болести.

Сите гласачи задолжително треба:

– Да носат хируршка маска и ракавици
– Да одржуваат дистанца од 1.5 до 2 метри
– Да ги мијат и дезинфицираат рацете пред и по гласањето

Секој гласач пред влегување е должен да направи дезинфекција на рацете, а со себе треба да носи маска и ракавици. Дотолку лицето не ги исполнува овие услови, тој нема да биде пуштен да го оствари правото на глас.

– На гласачот нема да му биде дозволено да влезе во гласачкото место, ако предходно не ги дезинфицира рацете и не носи маска, вели Елизабета Постоловска, член на ДИК.

Маската смее да се извади само во моментот кога избирачкиот одбор треба да направи идентификација на гласачот.

– Гласачот е должен при покажувањето на лична карта, накратко да ја извади маската со цел идентификација, а откако ќе се утврди идентификацијата, гласачот може да гласа. Овие се задолжителни чекори, додава Постоловска.

Гласачот е должен откако ќе гласа, гласачкото ливче да го пушти во кутијата, а потоа при излез повторно да направи дезинфекција на рацете. (Крај)

извор: Тв21 фото: Тв24.мк

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука