Скопје, 19. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Државната изборна комисија на денешната 65-та седница на јавна ждрепка го утврди редоследот на кандидатските листи на гласачкото ливче за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија.
Партиите на гласачкото ливче ќе ги носат следните редни броеви:
1 – Демократска партија на Албанците – ДПА
2 – Политичка партија Демократи
3 – СДСМ и Коалицијата Можеме
4 – Левица
5 – Алијанса за Албанците и Алтернатива
6 – Глас за Македонија
7 – Граѓанско демократска унија – ГДУ
8 – Интегра
9 – Демократската унија за интеграција – ДУИ
10 – Социјалдемократската унија – СДУ
11 – Никогаш Северна, само Македонија – Единствена Македонија
12 – МОРО работничка партија
13 – Народна партија на Ромите
14 – ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција за Обнова на Македонија
Од ДИК нагласија дека ова е нивна законска обврска и дека ќе работат се додека не биде одлучено поинаку.
Претседателот на ДИК Оливер Дерковски информираше дека поради прогласената вонредна состојба од претседателот на државата за справување со пандемијата на вирусот Ковид 19, Владата ќе треба да донесе одредени одлуки.
– Ние ќе ги следимие тие одлуки. Се надевам дека во текот на денешниот ден ќе се случи тоа и во текот на утрешниот ден ќе преземеме дополнителни чекори со што на некој начин би завршил овој процес до тука, а за понатаму ќе видиме како ќе се развива ситуацијата и како ќе се надминува состојбата со пандемијата, така ќе се однесуваме сите ние, изјави Дерковски.
ДИК на почетокот на денешната седница едногласно ги утврди поднесените листа на ГДУ, Интегра, МОРО работничка партија, Единствена Македонија, Политичка партија Демократи и Левица со што се потврдени се сите 14 од вкупно 15 кои поднесени. Според роковникот останува уште една партија „Твоја партија“ чиј рок истекува утре. Откако ќе ги комплетира сите листи „Твоја партија“ ќе го добие редниот број 15 на гласачкото ливче.
Носители на листи на Граѓанско – демократска унија се во ИЕ 1 – Ана Глигорова, ИЕ 2 – Есед Јусуфовски, ИЕ 3 – Петар Колев, ИЕ 4 – Добре Митрев, ИЕ 5 – Даниел Јордановски и за ИЕ 6 нема поднесено кандидатска листа.
На партијата Интегра – Македонска конзервативна партија носители се во ИЕ 1 – Љупчо Ристовски, ИЕ 2 – Александар Главинов, ИЕ 3 – Сузана Чесмаџиска, ИЕ 4 – Воислав Зафировски, ИЕ 5 – Николче Талевски и ИЕ 6 – Виолета Србиновска.
Носители на листи на МОРО – работничка партија во ИЕ – Атанас Трајковски, ИЕ 2 – Горан Зафировски, ИЕ 3 Светлана Здравковска, ИЕ 4 – Киро Јовчевски, ИЕ 5 – Жарко Гроздановски и ЕИ 6 – Иван Јанкуловски.
На Единствена Македонија – носители се во ИЕ 1 – Биљана Чинго, ИЕ 2 – Јове Кекеновски, ИЕ 3 – Вангел Симев, ИЕ – 4 Јанко Бачев, ИЕ – 5 Ацо Николовски и ИЕ 6 – Љупчо Столевски.
Носители на листата на Политичка партија Демократи се во ИЕ 1 – Катерина Тодоровска, ИЕ 2 – Христина Гаши, ИЕ – 3 Жарко Кучишки, ИЕ 4 – Никола Бујуклиев, ИЕ 5 – Јорго Огненовски и ИЕ 6 – Изет Зејделовиќ.
На Левица носители се во ИЕ 1 – Димитар Апасиев, ИЕ 2 – Реџеп Исмаил, ИЕ 3 – Борислав Крмов, ИЕ 4 – Бранко Ристов, ИЕ 5 – Јована Мојсовска и ИЕ – 6 Сенада Ибраимова.
Претседателот на ДИК информираше дека сите листи биле комплетни и навремено поднесени. (Крај)
извор: Фокус фото: архива