март 29, 2020

Скопје/Струга, 29. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на Коронавирус во земјата.

На денешната прес конференција, Институтот за јавно здавје потврди уште 2 позитивни пациенти, така што бројката наместо 16 како што соопшти министерот за здравство Венко Филипе на прес-конференцијата изнесува точно 18.

По градови: Штип – 6, Скопје – 3, Велес – 3, Струга – 2, Струмица – 1, Дебар – 1, Тетово – 1, Гевгелија – 1.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со COVID-19 денеска изнесува 259 лице. Според местото на живеење, досега случаи на COVID-19 се регистрирани во:

– Скопје – 145
– Дебар – 46
– Куманово – 21
– Штип – 14
– Прилеп – 8
– Велес – 6
– Тетово – 5
– Струга – 5
– Охрид – 3
– Кавадарци – 2
– Гостивар – 1
– Битола – 1
– Гевгелија – 1
– Струмица – 1 (Крај)

извор: Влада на РМ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука