Охрид, 23. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ-ОА (Јулијанскиот календар) денеска е 10-ти мај, денот кој православните верници го слават во чест на Св. апостол Симон Зилот.
Свети апостол Симон потекнувал од галилејскиот град Кана. Свадбата што ја опишува свети Јован во своето Евангелие е токму свадбата на овој подоцнежен апостол. Наречен е Зилот (што во превод значи ревнител), затоа што бил голем приврзаник на Христос и неговата вера. Еден е од 12-те апостоли.
По слегувањето на Светиот Дух на празникот Педесетница тој проповедал за Христа во Египет, Етиопија, Либија, Мавританија и Британија, каде што пострадал маченички бил распнат на крст, во времето на римскиот император Трајан. (Крај)
извор: МПЦ-ОА/МИА фото: религија.мк
Прочитано: 27