мај 13, 2020

Скопје, 13. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека од денеска почнува скринингот на одредени категории групи на граѓани за COVID-19.

Според него, први на скринингот ќе бидат вработените во градинките, односно околу 2.000 лица.

– За период од една недела може да се заврши тој процес и градинките би се вратиле во функција. Она што е најважно, е животот постепено да се враќа во нормала, а граѓаните да се придржуваат до препорачаните мерки за заштита, рече Филипче, најавувајќи го предлог планот за олабавување на мерките воведено за спречување на ширењето на коронавирусот.

Вчера Владата донесе одлука денеска да започне со „олеснување“ на ограничувањата воведени поради епидемијата на коронавирусот и да бидат отворени, меѓу другото, и трговските центри. Вкупната бројка на заболени од COVID-19 во земјава, според податоците од вчера, изнесува 1.674. Од нив, 1.205 оздравеле, 92 лица починале, а активни случаи има 377. (Крај)

извор: slobodnaevropa.mk фото: slobodnaevropa.mk

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука