Охрид, 2. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево, попладне во западните делови со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 8. степени.
– Денес и утре ќе преовладува стабилно, суво и студено време, а дневната температура ќе биде во благ пораст. Во вторник попладне ќе има зголемување на облачноста почнувајќи од западните и северозападните делови каде кон крајот на денот и во среда ќе има локални врнежи од дожд и снег. Потоа позначителна промена на времето се очекува од четврток кога изразено северно воздушно струење, со засилен а повремено силен северен ветер, ќе предизвика студено време и повремени врнежи претежно од снег, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: Метео