јули 10, 2020

Скопје, 10. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Ги повикувам граѓаните масовно да излезат на гласање, да не се плашат за своето здравје затоа што ние се погриживме да ги снабдиме сите избирачки одбори со заштитен материјал, а деновиве се врши и дезинфекција на сите гласачки места во државата, изјави претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски.Деркоски како прв човек на ДИК утрово лично вршеше увид на дистрибуцијата на доверливиот материјалот за гласање што ќе се користи на претстојните вонредни парламентарни избори, а е изработен од АД печатница „Киро Дандаро“ – Битола.– Материјалот ќе биде доставен до сите општински изборни комисии, а тие пак во текот на утрешниот ден материјалот ќе го достават до избирачките одбори. Процесот се одвива непречено и со одлична организација, а тоа значи дека се ќе за заврши во предвидениот рок. Подготовките на ДИК за целиот изборен процес се одвиваат непречено, посебно сме посветени во делот врзан со заштитата на здравјето на граѓаните и ги повикувам граѓаните масовно да излезат на гласање, да не се плашат за своето здравје затоа што ние се погриживме да ги снабдиме сите избирачки одбори со заштитен материјал маски, за да и оние граѓани кои не можат да купат или не носат заштитна маска од кои било причини, сепак да добијат заштитна маска, да гласаат и да го остварат своето право на глас – истакна Деркоски.Деркоски посочи на мали проблеми поврзани со барањето за изземање на здравствени работници и нивно откажување за учество на гласањето што ќе се спроведе во понеделник, но тие проблеми како што рече се надминуваат и се ќе се одвива според роковникот и уредбата со законска сила.Во печатницата АД „Киро Дандаро“- Битола изработени се 1.814.263 гласачки ливчиња со висок квалитет и со 20 форми на заштита без никава можност за фалсификат.– Гарантираме за високата заштита на избирачкиот материјал – кусо изјави директорот на печатницата Драги Милошевски.На претстојните вонредени парламентарни избори процесот на гласање ќе биде организиран на 3.390 избирачки места, информираа од Државната изборна комисија. (Крај)извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука