Охрид, 31. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според најавите на метеоролозите полека треба да го оставаме зад нас периодот во кој имавме претежно облачно и врнежливо време.
Од средината на идната недела, веќе треба да имаме значително зголемување на температурата, а денес Охрид, на последниот мајски ден, и покрај облачното и врнежливо време, сепак блескаше во целата негова убавина.
Раздвижено беше по Градскиот кеј, а бројни охриѓани уживаа во прошетка по пешачката патека, кај каналот „Студенчишта“ и Билјанини извори. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 20