Скопје, 8. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Дозволи за движење за време на полицискиот час ќе добијат и граѓаните кои се грижат за стари, болни и немоќни лица.
Барањата треба да се испратат до министерството за информатичко општество и администрација на електронската адреса [email protected] .
– До министерството по електронси пат треба да се достават лични датоци за барателот на дозволата, односно име и презиме, матичен број и телефонски број, како и медицинска потврда што ја докажува медицинската состојба на лицата за кои тие се грижат. Дозволата се издава исто така електронски и секој ќе ја добие на својот мејл, појасни министерот Дамјан Манчевски на прес-конференција.
Министерството за информатичко општество и администрација досега издало 27 илјади дозволи за движење во тек на воведениот полициски час поради вонредната состојба со коронакризата за различна категории претставници на институции или други категорија граѓани. Министерството е задолжено да издава дозволи за движење во тек на полицискиот час за органи на државната власт, кризни штабови, медиуми, погребални претпријатија и пекари до пет вработени. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива