Охрид, 14. неомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве кога стравот и неизвесноста од она што ќе го живееме во наредниве месеци е присутен во секој дом и го засега секој граѓанин на Охрид, градоначалникот и општината објавија јавен повик, з испитување на јавното мислење,порача на денешната прес конференција претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид Сашо Донев.
Анкетите се на темите:
– приоритети во изградба на инфраструктура,
– заштита на животна средина и
– состојбата со КОВИД-19 кај нас.
Според ДОнев, неверојатни, скоро 1 милион денари планираат да потрошат за одговори на прашања кои ги добиваат на секој чекор и во секоја прилика од граѓаните.
-Наместо да ги посетат урбаните заедници, на кои патем пред избори им ветија буџет до 1 милион денари, како и месните заедници во руралните средини, тие ангажираат анкетари. Наместо јавните анкети кои имаат законска обврска да ги спроведуваат пред секое носење на буџет да ги сведат на формалност, тие требаше од нив да црпат информации за инфраструктурните приоритети на Охрид. Пред неколку дена Советот донесе стратешки документ за екологија, ЛЕАП за следните 5 години. Во него јасно пишува кои се горливите еколошки проблеми и како да се решаваат. Не им треба јавна анкета за да откријат „топла вода” за тоа што и врапчињата во Охрид и охридско го знаат, освен ако треба да се оддолжуваат на некои PR-агенции за сработеното во изминатите изборни циклуси, па сега ни мачкаат очи со некоја наводна транспарентност која граѓаните ќе ги чини 1 милион денари. За проблемите кои ги предизвика COVID-19 најмалку е потребна анкета. Погодените сектори секојдневно апелираат за помош, здравствените работници, угостителите, занаетчиите, студентите, учениците, просветните работници… Апелираме градоначалникот да прошета со тие околу него низ градот, нека поразговара со своите сограѓани, тие најточно ќе му кажат што ги мачи. Ќе заштеди и време и драгоцени средства кои мора попаметно да се потрошат, истакна Донев на денешната прес конференција. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ