Скопје, 13. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – До 15:00 часот правото на глас за предвремените парламентарни избори го оствариле 340 лица со COVID-19 или во самоизолација.
– Гласањето засега се одвива без проблеми, изјави претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски.
Во меѓувреме, оваа бројка е зголемена за над стотина лица, но се чекаат официјални информации од општинските изборни комисии.
Најдоцна до 21:00 часот ќе се знае колкумина од лицата со COVID-19 или во самоизолација гласале.
За гласањето денеска беа пријавени 773 лица позитивни на COVID-19 или во самоизолација, но според последните податоци на ДИК објавени на нивната веб страница општинските изборни комисии прифатиле пријави на 711. Најмногу пријави за гласање на лица со COVID-19 и во самоизолација се прифатени во Ресен-60, потоа во Струга и во Тетово по 55, во Кичево и во Охрид по 34, во Сарај -32, во Куманово 31 и во Штип-30.
Гласањето на овие лица го спроведуваат посебни изборни тимови составени од здравствени работници и претставници на политички партии и се спроведува под соодветни здравствени мерки. (Крај)
извор: Тв Сител фото: Тв Сител